Skip to content

petkovdragan/Oops-Game

 
 

Folders and files

NameName
Last commit message
Last commit date

Latest commit

 

History

38 Commits
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Repository files navigation

Oops-Game

Проект по предметот Визуелно Програмирање

Изработен од:

  1. Драган Петков - 173285
  2. Кристијан Николоски - 173090

1) Опис на апликацијата

"Oops" претставува компјутерска игра во ретро форма која е базирана на истоимената класична игра со карти, наменета да ги тестира лимитите на вашиот мозок. Класичната игра е направена од страна на група студенти кои го раководат инстаграм профилот @studentarijamk. Инспирацијата ја добивме од нив за да го олесниме пристапот на играта и да ја направиме дигитално достапна. Класичната игра се игра така што се фрла картичка и се изговара точниот одговор според правилата на играта. Компјутерската игра ја направивме на сличен начин, односно за ограничено време од 15 секунди да се погодат што е можно повеќе картички (максимум 10).

2) Форми

  • Game.cs
  • Instruction.cs
  • Start.cs

3) Упатство

3.1) Почетен прозорец

При вклучување на играта се отвора форма која содржи анимиран текст како порака за добредојде и две копчиња. Едното копче води до формата која ги објаснува правилата на играта, а другото копче служи за да се започне играта. Како изгледа формата може да погледнете на сликата подолу.

alt text

3.2) Играње на играта

Откако ќе се кликне на копчето Започни, се отвора формата во која се игра играта. Во самата форма е дадена слика од картичка и понудени се неколку двосмислени одговори. Во десниот горен агол се наоѓа тајмер кој покажува колку време ви преостанува. Играчот треба да го погоди точниот одговор во зависност од дадената картичка пред да истече времето. Како изгледа формата може да погледнете на сликата подолу.

alt text

3.3) Правила за играње

Правилата за играње на играта се следни:

  • Времето е ограничено на 15 секунди за погодување на 10 картички кои се генерираат по случаен избор од множество со вкупно 22 картички.
  • Секоја картичка има различно правило за изговор, во зависност од зборот, бојата на буквите, и позадината.
  • Картички со имиња на бои: кога ќе биде дадена картичка на која е испишано име на боја, тогаш од понудените опции се избира бојата на текстот, односно бојата на буквите.
  • Картички со обични зборови: кога ќе биде дадена картичка на која со обоени букви е испишан обичен збор, тогаш од понудените опции се избира самиот збор, односно текстот што е на картичката.
  • Картички со бели букви: кога ќе биде дадена картичка на која зборовите се испишани со бели букви без разлика дали е име на боја или обичен збор, тогаш од понудените се избира бојата на позадината од картичката.
  • Црни картички: кога ќе биде дадена црна картичка, без разлика на зборот и со каква боја е испишан, тогаш од понудените се избира ништо.

Правилата се објаснети во формата со упатства кои со клик на копчето Следно се изминуваат чекор по чекор. Како изгледа формата можете да погледнете на сликата подолу.

alt text

3.4) Прозорец со резултати

Во зависност од тоа колку точни одговори се одговорени се прави пресметка на резултатите која е прикажана на крајниот прозорец во формат на проценти. Пример: доколку имате погодено 6 точни картички, процентот на успешност е 60%. Како изгледа формата можете да погледнете на сликата подолу.

alt text

About

Simple windows form game developed as an assignment for the "Visual Programming" course at FCSE - Skopje (2020/21).

Resources

Stars

Watchers

Forks

Releases

No releases published

Packages

 
 
 

Contributors

Languages

  • C# 100.0%